Бронзената претстава на Филип Втори, таткото на Александар Македонски, доминира на плоштадот што го носи неговото име, иако официјално таа се именува само како „Воин“.

Статуата на Филип Втори, висока 13 метри, поставена на 15-метарски постамент има придружни скулптури на војници и на лавови, поставени во фонтана обложена со релјефи од бронза и од мермер.

Автор на „Воинот“, како и на сите други статуи и релјефи во споменичниот комплекс пред црквата „Свети Димитрија“ на влезот на Старата скопска чаршија, е Валентина Стевановска, чиешто идејно решение е второнаградено на јавен конкурс. Таа работела на моделите во гипс две години, а потоа тие се изработени во бронза во леарницата „Гуастини“ во Италија.

Стевановска се откажала од хонорарот за изработка на Филип Втори, монументална статуа која покрај претставата на Александар, односно „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, стана синоним за проектот „Скопје 2014“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
4.444.569 €
Вредност во денари:
273.341.000 ден.
Вид на објект:
Плоштад
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот