Зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј со елементи на античката архитектура и класицизам стана една од најпрепознатливите објекти на „Скопје 2014“.

Нејзината изведба беше во надлежност на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Таа се градеше подолго од 4 години и за неа се потрошени над 42 милиони евра, што новото седиште на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј го прави најскап објект изведен во рамките на владиниот проект.

Зградата со приземје, седум ката и поткровје која се простира на површина од 13.510 метри квадратни, требаше да биде готова во јули 2011 година, но првите станари, Уставниот суд и Државниот архив, во неа се вселија во 2013 година.

На свеченоста присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој рече дека станува збор за капитален објект „во историски стил и раскошна архитектура“.

Токму архитектурата на објектот е една од точките на критиката која ја оспорува неговата местоположба на левиот брег на Вардар, како и тоа што раскошната фасада не кореспондира со големината на зградата чијашто широчина е 15-тина метри.

Автор на идејното решение е архитектот Слободан Живковски.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
42.886.632 €
Вредност во денари:
2.637.527.868 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот