База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Споменикот на словенските просветители свети Кирил и Методиј е поставен покрај Камениот мост на левата страна на реката Вардар во 2010 година.
Башевски добил втора награда од 250.000 денари, а првата не била доделена. Трета награда од 150.000 денари добил Исмет Рамичевиќ.
Откупна награда од 60.000 денари добиле Ристо Пуцовски, Сашо Бајрактаров и Сашо Поповски, заедно.
Во ревизијата на експертите што ги ангажираше градоначалникот Андреј Жерновски, откако владејачката ВМРО ДПМНЕ загуби на локалните избори во 2013, овој споменик меѓу другото се посочува како пример на нетранспарентно трошење, без видлива контрола во рамките на проектот „Скопје 2014“.
Во пресметката на авторот Башески за овој споменик, која е прифатена од општина Центар додека на нејзино чело беше Владимир Тодоровиќ, се наведува вкупна сума за трошоци при изработка на споменикот од 95.000 евра, при што, меѓу другото 30.000 евра се пресметани за 5-8 соработници за „нанесување глина и моделирање“, 80.000 евра за хангар, 25.000 за авторски хонорар и слично, при што не постои документација дали, кому и колку авторот ги има исплатено парите.
Ваков тип на пресметки, без фактури и сметки, како што се наведува во ревизијата, е карактеристичен за нарачките и исплатите на спомениците и релјефите поставени во општина Центар во рамките на „Скопје 2014“.