На Мостот на уметноста во должина од осумдесетина метри се поставени 29 скулптури на писатели, композитори и уметници.
Централната скулптура во средината на мостот ги претставува браќата Миладиновци и е висока три метри.
Од двете страни се поставени по 14 двометарски скулптури излеани во бронза и тоа на: Тоше Проески, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекерија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов.
На конкурсот за изработка на скуптурите биле доставени 55 идејни решенија од 24 автори. Избрани се предлозите на вкупно 18 автори, при што некои од нив потпишуваат по две, односно три скулптури.
Тие според договорот со општина Центар добија по 11 илјади евра за секоја изработена статуа. Во надоместокот е вклучен авторски хонорар, надоместоци за ангажирани лица за изработка на скулптурите, трошоци за набавка, транспорт, подготовка и обработка на материјали и други трошоци.
Овие скулптури во јавноста беа предмет на критики во однос на нивната уметничка вредност.