„Две девојки“ е бронзена композиција која преставува две урбани млади жени во речиси реална големина, поставена во 2009 пред „Сити галери“ во почетокот на проектот „Скопје 2014“.

Во Скопје има две скулптурни композиции на „Две девојки“. Едната е поставена на плоштадот „Македонија“, а втората е кај фонтаната во Градскиот парк. Автор на двете е Александар Ивановски-Карадаре.

Првата е дел од проектот „Скопје 2014“, додека онаа во Градскиот парк е направена во рамките на акцијата за разубавување на градот по иницијатива на тогашниот прв човек на Скопје, Ристо Пенов.

За скулптурата „Две девојки“, која е дел од проектот „Скопје 2014“, авторот добил нешто над 47.000 евра за изработка на композицијата и уште 500 евра како парична награда од Министерството за култура.

Поради оштетување на скулптурата во Градскиот парк, во 2010 година Град Скопје склучува договор со авторот повторно да изработи калап за оштетените делови, да се излеат во бронза и да се монтираат на скулптурата.

Оваа скулптура во јавноста се поврзува и со информацијата дека е ставена на листата на најбизарни светски скулптури на италијанскиот онлајн весник „Линкиеста“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
52.249 €
Вредност во денари:
3.213.305 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот