Плоштадот „ВМРО“ е просторот што се уредува пред новата зграда на ВМРО ДПМНЕ и тој предвидува фонтана и столб со релјефи со ликови и настани од историјата на организацијата.

Идејното решение е на скулпторката Елена Дуковска која ја доби првата награда на конкурсот на Град Скопје.

На конкурсот што го распиша Градот во ноември 2014 година за ова спомен-обележје, пристигнале три труда на уметници. Сите три ѝ биле изложени цели два часа на увид на јавноста на 29 декември, но како што соопштија од Градот, „во предвидениот временски рок од 10:00 часот до 12:00 часот, не се појави ниту еден субјект и Одборот го затвори Јавното излагање“.

Дуковска, автор и на „Чистачот на чевли“ и на два лава на мостот „Гоце Делчев“, конкурирала под шифрата „Лавица“ и за овој труд добила награда од 50.000 денари. Втората награда од 30.000 денари му припаднала на Ангел Нацевски од Скопје, а третата од 15.000 денари на Синиша Маниќ.

За градежните работи на јавниот тендер од пет понуди е избрана фирмата „Урбан инвест“, а за основниот проект, по пат на електронска аукција, фирмата ФАКОМ, увоз-извоз, АД.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
1.935.696 €
Вредност во денари:
119.045.280 ден.
Вид на објект:
Плоштад
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот