Плоштадот „Пресвета Богородица“ е простор околу истоимената црква помеѓу булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Крсте Петков Мисирков“.

На плоштадот се поставени три фонтани, во чија средина се наоѓаат столбови обложени со мермерни релјефи на чиј врв се скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле. Тие се поставени во првата етапа од изградбата, во август 2013 година.

За градежните работи од страна на општина Центар беше ангажирана градежната фирма „Бетон“. Со промена на власта по локалните избори во 2013, довршувањето на плоштадот го презема Град Скопје. Во јуни 2014, потпишан е нов договор за реконструкција на улицата „Димитар Влахов“, односно левата страна на кејот на реката Вардар со фирмата „Бауер БГ“.

За реконструкција на истата улица и довршување на плоштадот, во март 2015 е потпишан и трет договор, овојпат со компанијата „Урбан инвест“. Со овој проект е предвидено проширување на плоштадот „Пресвета Богородица“ кон реката Вардар .

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
5.374.973 €
Вредност во денари:
330.560.836 ден.
Вид на објект:
Плоштад
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот