Бронзениот споменик на Крсте Петков Мисирков е поставен во истоимениот парк меѓу зградите на Апелацискиот суд и на МАНУ во мај 2011 година.

На конкурсот за идејно решение на споменикот кој е дел од проектот „Скопје 2014“, Томе Серафимовски добил прва награда од 300.000 денари, втора награда од 200.000 денари добил Никола Настески, а трета од 100.000 денари - Синиша Новески.

Откупни награди од по 50.000 ден. добиле Зоран Тошевски и Слободан Милошески.

Серафимовски споменикот го работел една година во своето ателје, а леан е во леарницата „Браќа Јеремиќ“ во Белград.

Во сумата на договорот со авторот е содржано и леењето, авторскиот хонорар, надоместоците за соработниците, трошоците за набавка, транспортот и обработката на материјалите, трошоците за простор, транспорт и други неопходни работи.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
177.318 €
Вредност во денари:
10.905.040 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Инвеститори:
Автори:

Местоположба на објектот