Споменикот на Јане Сандански се наоѓа во истоимената населба во скопската општина Аеродром.

Тој е висок пет метри, а поставен е во централниот дел од истоимениот парк, на иницијатива на Министерството за култура, усвоена од советниците на општината во 2009 година.

Паметникот на македонскиот револуционер е излеан во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Гоце Давидов.

Две години од неговото поставување во 2011 година, медиумите јавуваа дека е оштетен, односно дека заради студеното време отпаѓаат плочките од постаментот, по што општината најави дека ќе распише тендер за избор за фирма за одржување на спомениците.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
271.179 €
Вредност во денари:
16.677.515 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Инвеститори:
Автори:
Градежна фирма:
Леарници:

Местоположба на објектот