Катната гаража „Солунски конгрес“ беше пуштена во употреба на Денот на независноста, на 8 септември 2014 година.

Станува збор за прва автоматизирана катна гаража, со капацитет од 280 паркинг места, распоредени на девет ката со едно подземно и едно полуниво.

Таа е лоцирана покрај кејот на Вардар, меѓу МЕПСО и објектот на „Македонска пошта“,

Оваа паркинг-зграда, една од неколкуте изградени во рамките на проектот „Скопје 2014“, зафаќа вкупна површина од над 8.000 квадратни метри, а висока е 29 метри.

Зад „Солунски конгрес“ како инвеститор е впишано името на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката кое произлезе од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

На пуштањето на гаражата во употреба, која го доби името според одржаните конгреси во Солун од 1896 и 1903 година, присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој изјави дека оваа катна гаража е „вистинско ремек-дело на градежништвото и технологијата, спој на идеи и иновации“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
7.021.728 €
Вредност во денари:
431.836.291 ден.
Вид на објект:
Катна гаража
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот