Скулптурата на Карпош, предводникот на најмасовното востание против турските феудалци, е поставена во февруари 2011 година.

Во медиумите веста за поставувањето на споменикот беше проследена со констатацијата дека и тој, како и најголемиот дел поставени споменици во рамките на проектот „Скопје 2014“, се монтираше речиси мистериозно, без претходна најава.

„Карпош“ е поставен на левиот брег на Вардар, во непосредна близина на Камениот мост, на локација која сѐ до поставувањето на споменичниот комплекс „Филип II“, го носеше името плоштад „Карпошово востание“, но потоа се преименува според таткото на Александар Македонски.

Војводата е излеан во бронза, качен на коњ и е висок пет метри, а заедно со постаментот изнесува 8,5 метри. Изработен е според идејно решение на авторот Војдан Запров.

За леење на споменикот беше ангажирана скопската леарница „РЖ Институт“.

Проектант на постаментот е „Инпума“, а изработен е од компанијата „Конструктор“ од Скопје од камен травертин. На постаментот има релјефи од бронза со површина од десет квадратни метри.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
630.939 €
Вредност во денари:
38.802.771 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот