Ова мени ви овозможува пребарување по трите клучни критериуми според кои се подредени податоците во оваа база:
- Вид објект
- Инвеститори
- Изведувачи
Напредното пребарување може да се врши со комбинирање (избирање) на повеќе податоци од која било од категориите, со избирање на само еден податок по категорија, или избирање на сите податоци од сите/една категорија.
Категоријата 1: Вид објект им дава можност на корисниците на оваа база да пребаруваат податоци групирани според видот на објектите, како што се: зграда, катна гаража, мост, ограда, споменик, фасада и други.
Категоријата 2: Инвеститори им овозможува на корисниците да пребаруваат податоци поврзани со кои било од наведени инвеститори.
Категоријата 3: Изведувачи се состои од 4 поткатегории:
- А) Автори: Можете да изберете приказ за сите или на некои од авторите на идејните решенија.
- Б) Градежни фирми: Можете да изберете приказ на податоци за некои или за сите градежни фирми кои учествувале во овој проект.
- В) Леарници: Можете да изберете приказ на една или на повеќе леарници кои биле вклучени во проектот.
- Д) Останато: Можете да изберете фирми со кои биле склучени договори за останати услуги кои не се погоре наведени, како на пример, сервисни услуги, обезбедување, опрема на канцеларии и сл.
Од категоријата Изведувачи можете да изберете само една, неколку, или сите податоци кои се понудени во ова мени на ниво на категорија и на ниво на поткатегории.
Доколку сакате да изберете само една поткатегорија, тогаш треба да кликнете на нејзиното име.
Приказ на резултати: Резултатите од напредното пребарување се прикажуваат во страница за групни резултати. Страницата за прикажување групни резултати нуди три видови на приказ на бараните резултати поделени во три делови.
Во најгорниот дел се наоѓа визуелен приказ на резултатите кои во зависност од избраните параметри најчесто дава преглед на удел на бараниот податок споредено со вкупниот износ на проектот, споредби на најскапи и најевтини објекти според дадените параметри, приказ на најголеми изведувачи/ инвеститори.
Во подолниот дел се прикажани податоците во табеларен приказ од каде што можете да изберете прикажување на резултатите според: објекти, вид објект, инвеститори и изведувачи.
1. Доколку во критериумите за пребарување изберете само Згради (во вид објекти), резултатите во табеларниот приказ се следниве:
- табела Објекти: прикажани се сите објекти кои се од типот згради и нивната вредност во евра и денари;
- табела Вид објекти: прикажани се сите видови објекти (во овој случај само згради) и нивната вредност во евра и денари;
- табела Инвеститори: прикажани се сите инвеститори кои инвестирале во изградба на објектите од типот згради и износот кој го платиле, прикажан во евра и денари;
- табела Изведувачи: прикажани се сите изведувачи (дејноста која ја имале е во заграда) кои учестувале во изградба на објектите од типот згради и износот кој го добиле (од инвеститорите), прикажан во евра и денари.
2. Доколку во критериумите за пребарување изберете само инвеститор општина Центар (во инвеститори), резултатите во табеларниот приказ се следниве:
- табела Објекти: прикажани се сите објекти за кои инвеститор е општина Центар и износот кој инвеститорот го платил за секој објект поединечно, прикажан во евра и денари;
- табела Вид објекти: прикажани се сите видови објекти за кои инвеститор е општина Центар и износот кој инвестиоторот го платил за секој вид објект поединечно, прикажан во евра и денари (колку платил за згради, колку за фасади итн.);
- табела Инвеститори: прикажани се сите инвеститори (во овој случај само општина Центар) и износот кој го платиле, прикажан во евра и денари;
- табела Изведувачи: прикажани се сите изведувачи (дејноста која ја имале е во заграда) кои учестувале во изградба на објектите за кои инвеститор е општина Центар и износот кој го добиле (од инвеститорите), прикажан во евра и денари.
3. Доколку во критериумите за пребарување изберете само изведувач „Бетон“ Скопје (во изведувачи), резултатите во табеларниот приказ се следниве:
- табела Објекти: прикажани се сите објекти за кои изведувач е „Бетон“ Скопје и износот кој изведувачот го добил за секој објект поединечно, прикажан во евра и денари;
- табела Вид објекти: прикажани се сите видови објекти за кои изведувач е „Бетон“ Скопје и износот кој изведувачот го добил за секој вид објект поединечно, прикажан во евра и денари (колку добил од изградба на згради, на фасади итн.);
- табела Инвеститори: прикажани се сите инвеститори кои му платиле на изведувачот „Бетон“ Скопје за изградба на објектите и износот кој го платиле, прикажан во евра и денари;
- табела Изведувачи: прикажани се сите изведувачи (дејноста која ја имале е во заграда, во овој случај само „Бетон“ Скопје) и износот кој го добиле, прикажан во евра и денари.
4. Доколку во критериумите за пребарување изберете инвеститор општина Центар и изведувач „Бетон“ Скопје, резултатите во табеларниот приказ се следниве:
- табела Објекти: прикажани се сите објекти за кои инвеститор е општина Центар, а изведувач е „Бетон“ Скопје и износот кој инвеститорот го платил на изведувачот за секој објект поединечно, прикажан во евра и денари;
- табела Вид објекти: прикажани се сите видови објекти за кои инвеститор е општина Центар, а изведувач е „Бетон“ Скопје и износот кој инвеститорот го платил на изведувачот за секој вид објект поединечно, прикажан во евра и денари (колку добил од изградба на згради, на фасади итн.);
- табела Инвеститори: прикажани се сите инвеститори (во овој случај само општина Центар) кои платиле на изведувачот „Бетон“ Скопје за изградба на објектите и износот кој го платиле, прикажан во евра и денари;
- табела Изведувачи: прикажани се сите изведувачи (дејноста која ја имале е во заграда, во овој случај само „Бетон“ Скопје) кои добиле пари од инвеститорот општина Центар и износот кој го добиле, прикажан во евра и денари.
И останатите комбинации во критериумите имаат слично толкување како во четирите примери наведени претходно.
Најдолу на страницата за групни резултати се наоѓа мапа на која се обележани локациите на објектите прикажани во резултатите.